Отворен повик за учество на Саем за накит и модни додатоци Накит 2016

25

pr

Јавна соба и Капка ги отвораат вратите за сите заинтересирани дизајнери од Македонија и регионот да земат учество на првото издание на саемот за накит и модни додатоци НАКИТ 2016.

Настанот, кој ќе се одржи на 7, 8 и 9 октомври 2016 во центарот за дизајн и иновации Јавна соба, ќе биде збогатен со дополнителни активности како предавања, презентации и работилници.

Право на учество имаат сите изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области кои го користат накитот како форма на уметност и средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни и свежи идеи.

Саемот има интернационален карактер и нема ограничување во однос на употреба на материјали, форма и концепт на парчињата кои ќе бидат изложени.

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 15 септември. Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 20 септември.

Повеќе информации и форма за апликација на www.publicroom.org
За дополнителни информации обратете се на: contact@publicroom.org или jana.acevska@kapka.mk