Отворен предизвик за сите студенти: Натпревар во развој и лансирање на нов дигитален производ Од код до продукт

63

1

SOLVEO е платформа којашто преку натпревари и работилници ги поврзува студентите со локалните компании за креативно решавање на модерните бизнис проблеми. Целта е на студентите да им се даде шанса да го истакнат својот талент пред професионалци, а во исто време да работат на проект кој би можел да се реализира. Истовремено, компаниите имаат пристап до иновативни решенија и голем број на свежи идеи.

Откако успешно го реализираше првиот натпревар со 30 учесници студенти, Solveo објавува нов повик за натпревар за студенти. Заедно со партнерот doXteam, ќе им се овозможи на студентите да работат на проект за развивање на стратегија за лансирање на нов продукт. DoXteam е локална софтверска компанија којашто развива комплексни дигитални производи наменети за глобалниот пазар. Дел од нивните производи се www.doxbee.com и Sportypal.

2

Предизвикот овој пат ќе биде да се тргне од дефиниран код и да се стигне до продукт којшто потенцијално ќе го освои глобалниот пазар. Заедно со студентите ќе се развива go-to-market стратегија којашто ќе биде проследена со развој на брендинг и развој на веб страна почнувајќи од нула.

Повторно, тимската работа и колаборативното решавање на проблеми ќе биде во фокусот на овој натпревар. Дигиталниот продукт на којшто ќе се работи за време на проектот ќе биде подетално објаснет во понатамошната комуникација со избраните учесници.

Натпреварот е наменет за сите млади ентузијасти со знаење и вештини во полињата на е – бизнис, е -технологии, маркетинг, менаџмент, дизајн, информатички технологии, ИТ менаџмент и слично.

Натпреварот ќе биде организиран преку четиринеделна интензивна програма којашто ќе се одржи во седум работилници, а по завршувањето секој тим ќе го презентира своето решение пред претставници од компанијата DoxTeam. Организаторите ги охрабруваат сите заинтересирани да аплицираат на оваа одлична прилика да работат на реален проект за компанија, да се вмрежат со професионалци и да го истакнат својот талент пред потенцијални работодавци.

3

Што треба да се направи во рамки на натпреварот?

  • Да се направи истражување на пазарот (локален и глобален), анализа на конкурентите и дефинирање на клучни вредности на новиот продукт
  • Да се дефинираат таргет потрошувачи и да се пронајдат потенцијални клиенти (на глобално ниво)
  • Да се направи стратегија за нов бренд, позиционирање и пробивање на пазари
  • Дизајн и брендинг на нов производ
  • Дизајн решение и базичен развој на веб страна
  • Тестирање на идејни решенија

Како да се пријавите?

Едноставно пополнете ја апликацијата на линкот http://www.solveo.co/natprevari-1-2/ најдоцна до 30.09. Селекцијата на учесниците ќе биде направена врз основа на квалитетот и содржината на одговорите во апликацијата.

Проект: Развој на дизајн и бренд стратегија за лансирање на нов дигитален производ: Од код до продукт

Отворени места: до 16

Награда: 31.000 денари (за победничкиот тим)

Компанија: doXteam

Краен рок за пријавување: 30.09.2016