На отворениот саем за автомобили во Пекинг, светски познатите производители, вклучувајќи ги Ford, Nissan и BMW, ги претставија своите нови електрични модели за кинескиот пазар, кои имаат зголемен опсег на движење. Меѓу светски познатите, има многу амбициозни кинески брендови.
Ова е првиот голем саем во која било индустрија во Кина што се одржува од избувнување на пандемијата Ковид-19, поради што се во сила вообичаените превентивни мерки.
Кина е прва меѓу водечките економски сили во светот којашто закрепнува од економските последици од пандемијата, па производителите на автомобили се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата на тој пазар и ќе го свртат трендот што им донесе загуби од милијарди долари.
Саемот наречен Авто Кина 2020 требаше да се одржи во март, но беше одложен поради пандемијата.
Фото: Pixabay