Во германскиот град Келн е отворен првиот супермаркет во којшто може да се купат остатоци од храна, пишува Deutsche welle.
Името на супермаркетот е The good food и е прв од таков вид во земјата, а трет во земјите членки на Европската унија. Во него може да се најдат најразлични производи, кои вообичаено би се нашле во некој отпад.
Цените не се фиксни, бидејќи купувачите сами одбираат колку ќе платат за одреден производ.
“Рокот на употреба на производите е само предлог за потрошувачите, но голем број производи може да се употребат и по неговиот истек“, вели Никол Класки, сопственичка на супермаркетот, што е отворен на четврти овој месец.