Отворена Авицена лабораторија во Тетово

143

avicena

Од сега граѓаните на Тетово и тетовскиот регион ќе можат да ги користат професионалните услуги на Авицена, лабораторија која се грижи повеќе од 10 години за вашето здравје, следејќи ги и користејќи ги најновите медицински трендови.

Со отворање на новиот комплекс, тимот на Авицена се зголеми и сега брои повеќе од 70 вработени.

Тука граѓаните имаат пристап до сите здравствени услуги, имунолошки, микробиолошки и биохемиски како и сите останати рутински и специфични проверки.

Работното време од понеделник до петок од 07:30 до 19:30, а во сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Се наоѓа на ул Благоја Тоцка. бр 222, 1200 во самиот центар на градот.