Отворена канцеларија за финансиска поддршка на земјоделството во Куманово

40

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, Тони Димовски, ја отвори регионалната канцеларија лоцирана во просториите на регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.
“Оваа е една од осумте канцеларии на Агенцијата која има за цел да ги доближи нашите услуги кон земјоделците од регионот”, рече Димковски.
Тој додаде дека оваа канцеларија е практично решение за контролите на терен кои секојдневно се спроведуваат во сите региони вклучително и во североисточниот регион.
“Земјоделците на овој начин, преку канцеларијата ќе имаат можност да добијат пакет совети и информации за прашањата околу исплатата на поднесените барања за субвенции”, истакна тој.
Според него, за сите програми, за финансика поддршка во земјоделството, руралниот развој, рибарството и аква културата и програмата ИПАРД, земјоделците ќе може да се обраќаат во оваа канцеларија и да добиваат секојдневно и совети од колегите од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството.
Од кумановската канцерларија најавија дека дополнително ќе ги утврдат термините за средби со земјоделците.