По отворањето на првата Balans+ Зона во Општина Карпош во Скопје, Бимилк денес отвори уште едно спортско-рекреативно катче, овој пат во матичниот град на компанијата – Битола.
Како локација за новата Balans+ Зона е одбрано спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани. Всушност, благодарение на оваа донација на Бимилк, на Тумбе Кафе се поставени повеќе справи за рекреација и одржување баланс на телото под брендот на Balans+, а истовремено локацијата е и комплетно репарирана.
На отворањето присуствуваа претставници на Општина Битола, како и градоначалничката на општината г-ѓа Наташа Петровска, која потенцираше дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што сега битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што благодарение на Бимилк целата локација на Тумбе Кафе е целосно обновена и добива сосема нов лик.
Од Бимилк, пак, истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот Balans+.
“Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го обновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, со што како компанија уште еднаш ќе потврдиме дека еднакво се грижиме и за националниот, но и за локалниот развој и за здравјето на битолчани. Имено, преку порфолиото на Balans+ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на Balans+ ќе ја пренесе пораката и заважноста од практикување спортски активностии постигнување баланс на телото“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.
“Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваати за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и битолчани“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.