Отворена прва фабрика за преработка на школки во Бугарија

90

skolki

Во Варна, Бугарија, вчера беше отворена првата фабрика за преработка на школки. Инвеститор е фирмата за одгледување на школки Black Sea Shells, во сопственост на ирски претприемач, која веќе има инвестирано во Полска, Ирска, Англија, Германија, Словенија, Канада, ОАЕ, пишува News.bg.

За изградба и опремување се инвестирани преку пет милиони евра. Фабриката ќе може да преработува школки од фармите на целото крајбрежје на Црното Море. Во моментов капацитетот е 1.000 тони годишно, а планот е производството да се зголеми на 3.000 тони.