Отворена првата приватна детска градинка во рамки на колеџот Јахја Кемал

193

Прва приватна детска градинка во рамки на колеџот Јахја Кемал во Скопје денеска беше пуштена во употреба, пишува Миа.

На почетокот таа ќе згрижува шеесетина деца, со можност за проширување на капацитетите во идниот период. Почетната инвестиција е околу 700.000 евра, а планирана е и дополнителна инвестиција од околу 800.000 евра.

При изградбата на градинката колеџот ги користел поволностите за намалени комуналии за градба за 95%.

Според податоците, ова е 26 приватна детска градинка, отворена во изминатите неколку години, која што влијае на отворање на дополнителни 1.550 места за згрижување на деца од предучилишна возраст.