Отворена регистрацијата за Глобалната конференција на CEED во Тунис

39

Глобалната конференција на CEED, оваа година ќе се одржи во Тунис, од 18-19 октомври.

На овој голем бизнис настан ќе има повеќе од 300 претприемачи, бизнис лидери и интернационални инвеститори од повеќе од 17 земји. Еден од новитетите на конференцијата е дека годинава за прв пат ќе има говорник од Македонија, Робин Зимбаков, основачот на Солопром.

Глобалната конференција на CEED е единствена можност за сите учесници да ја прошират својата бизнис мрежа и да креираат нови соработки. Говорниците, истакнати претприемачи од својата област, ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат свое мислење за иднината и за можностите на секој бизнис.

Тунис, со популација од 11 милиони жители, е втора земја по производство на автомобили на Африканскиот континент, а прва по извоз на органски производи. Земјата има добро развиена текстилна и конфекциска индустрија, извоз на енергија и минерали, механички и електрични компоненти, а туризмот, како и ИКТ индустријата се во постојан раст.

Сите што сакаат да бидат дел од Глобалната конференција на CEED можат да се регистрираат на следниов линк.

За членовите од CEED регистрацијата е бесплатна.

CEED работи со претприемачи кои сакаат да имаат успешни компании и да се реалзираат како лидери во својата индустрија, преку обезбедување на пристап до ментори, знаење и капитал. Центрите на CEED се наоѓаат во Албанија, Ерменија, Бугарија, Косово, Македонија, Молдавија, Мароко, Романија, Словенија, Танзанија и Тунис, со проекти во 10 други земји.