Отворени денови за земјоделците

30

Тимови на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од денеска ќе одржат отворени денови во повеќе градови во Македонија.

За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска помош на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Тимовите од Министерството за земјоделство ќе ги презентираат и можностите на ИПАРД програмата, пишува Миа.

Средби со земјоделците се планирани во Гостивар, Тетово, Могила, Новаци, Битола, Богданци, Демир Хисар, Струга, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Виница, Пробиштип, Дојран, Охрид, Ресен, Кичево, Штип, Кратово, Кавадарци, Велес, Неготино и Валандово.