Словенечката престолнина го доби првото кафуле за мачки под името Cat caffe, пишува Finance.si.
Локалот, што се наоѓа во квартот Прулах во Љубљана, е во сопственост на Роберт Санковиќ и Тина Пискач Седеј. Тие дошле на ваква идеја откако во Виена го виделе кафулето Café Neko.
“Тука спијат, јадат, играат и се забавуваат. Им направивме мал полигон и обложивме голем број делови од мебелот. Играчките се направени така што може да ги тргнат кога ќе посакаат да имаат свој мир“, објаснува Пискач Седеј.
За да го отворат Cat caffe, инвеститорите одвоија околу 50.000 евра. Овој локал, што е уреден по посебни стандарди, има капацитет за околу 25 гости. Она што е важно за овој простор се хигиенските услови, па така храната мора да биде одвоена од просторот каде што се наоѓаат мачките.