Ова 10-те најскапи чевли на светот

42

Најскапиот пар чевли во светот се моделот Jada Dubai & Passion Jewelers Passion Diamond Shoes коишто чинат 17 милиони долари. Сепак, овој модел не е единствен од чија сума ќе ви се заврти во главата. Постојат многу луксузни брендови кои како да се натпреваруваат кој ќе направи поотмен и поскап модел.

Она што за многумина е изненадувачки, во првите пет на листата не се наоѓа ниту еден модел наменет за машкиот пол. Благодарение на ретки дијаманти, платина и злато ја креираат луксузната листа на најскапи чевли. Во продолжение ви претставуваме најскапи чевли на светот:

  1. Jada Dubai & Passion Jewelers Passion Diamond Shoes – 17 милиони долари

2. Debbie Wingham High Heels – 15,1 милиони долари

3. Harry Winston Ruby Slippers – три милиони долари

4. Stuart Weitzman Rita Hayworth Heels – три милиони долари

5. Stuart Weitzman Cinderella Slippers – два милиони долари

6. Tom Ford Custom by Jason Arasheben – два милиони долари

7. Stuart Weitzman Wizard of Oz Ruby Stilettos – 1,6 милиони долари

8. Stuart Weitzman Platinum Guild Stilettos – 1,09 милиони долари

9. Stuart Weitzman Retro Rose Pumps – еден милион долари

10. Kathryn Wilson Pumps – 400.000 долари

Фото: Passionjewellers