Ова е најголемата корпорација во историјата

186

Саудиската нафтена компанија Aramco излезе на берза кон крајот на минатата година и нејзината вредност беше проценета на 1,7 илјади милијарди долари. Нешто подоцна, достигна две илјади милијарди долари, а потоа малку се намали.

Саудискиот Aramco на тој начин стана највредната компанија во светот, пред американските гиганти Apple, Microsoft, Alphabet (Google), Amazon, итн.

Но, тоа не е највредната компанија во историјата на човекот.

Tаа титула , според експертите, припаѓа на Dutch East India Co или позната како VOC-Vereenigde Oostindische Compagnie. Оваа компанија, во екот на својата моќ, имаше вредност од дури 8,28 илјади милијарди долари, прилагодена со инфлацијата.

Тоа беше првата меѓународна корпорација и првата компанија што ги понудила своите акции на јавност, практично спроведувајќи ја првата иницијална јавна понуда.

Имала 5.000 бродови

Компанијата позната по кратенката VOC е основана 1602 година. VOC постоела скоро 200 години. Во текот на два века, VOC испрати скоро еден милион луѓе во Азија. Компанијата управувала со повеќе од 5.000 бродови и имала голем профит од трговијата со зачини.

Делумно заради оваа компанија, Амстердам два века бил финансиски центар на капитализмот. VOC ги трансформираше светот и финансискиот пазар.

Доминира во Азија

Темелите на VOC беа поставени кога Холанѓаните започнаа да го оспоруваат монополот на Португалците во Источна Азија во 1590-тите. Трговијата стана многу успешна, некои бродови носеа капитал од дури 400%, а инвеститорите сакаа сè повеќе. Пред формирање на VOC, сите бродови беа финансирани индивидуално од трговци. Трговците започнаа да инвестираат во неколку бродови истовремено, така што ако некој не се врати, тие не беа во голема загуба.

Формирањето на VOC им овозможи на стотици инвеститори истовремено да финансираат стотици бродови, со што се минимизира ризикот.

Холандската компанија е формирана две години откако Британците ја формирале Источноиндиска компанија во 1600 година.

Почеток на крајот

Четврта англо – холандска војна 1780-1784 година предизвика голема штета на VOC. Француската револуција започна во 1789 година и доведе до окупација на Амстердам во 1795 година. VOC беше национализирана на први март 1796 година.

Повеќето од имотите на VOC беа преземени од страна на Британците по завршување на Наполеонските војни, а англиската Источноиндиска компанија ја презеде нејзината инфраструктура.

Фото: Pexels