Улицата каде што во последните пет години се купени најмногу недвижнини поскапи од 25 милиони долари се наоѓа во Њујорк.
Улицата 57 на Менхетен (57th Street), којашто е наредена со луксузни згради изградени изминатата деценија, е улицата со најскапи имоти на светот, според новата студија на глобалната консултантска куќа за недвижнини Knight Frank. Просечната цена на имотите на оваа улица е 38,5 милиони американски долари.
На списокот на скапи улици се наоѓаат улиците Mount Nicholson Road, Mount Kellett Road и Conduit Road во Хонг Конг, лондонската Grosvenor Square, Pacific Coast Highway во Малибу и Palm Beach во Флорида.
Фото: Pexels