Ова ќе бидат наjплатени професии во САД следната декада

86

Business Insider направи анализа на тоа кои ќе бидат наjплатени професии во САД во следната декада. Најголема доминација имаат занимања поврзани со технологија и медицина.

Од вкупно 30 најплатени професии, ние ги одвојуваме првите пет:

Медицински сестри – со појавата на пандемијата се зголеми и потребата од стручен медицински персонал насекаде во светот. Според проекциите на Business Insider, во период од 2018 до 2028 година, се очекува отворање на 371.500 нови работни места за медицински сестри, чија годишна плата во 2019 година беше 73.300 долари. Во САД за оваа работна позиција неопходна е факултетска диплома.

Инженери за развој на апликации – се очекува до 2028 година, во САД да бидат отворени 241.500 работни места за овој вид на ИТ експерти, чија годишна заработка лани беше 107.510 долари.

Генерални и оперативни менаџери – овие раководни лица кои треба да ги познаваат сите работни процеси во компанијата, имаат просечна годишна заработка од 100.780 долари, а до 2028 година за нив ќе бидат отворени 165.000 нови работни места.

Финансиски менаџери – за овие добри познавачи на финансиите, просечната годишна плата во 2019 година беше 129.890 долари, а за осум години од денеска би требало да се отворат 104.700 работни места.

Аналитичари – нивната просечна годишна плата лани била 85.260 долари, а овие економски и менаџмент аналитичари ги очекува отворање на уште 118.300 нови работни места до 2028 година.

Фото: Freepik