Ова се најмоќните држави во светот

200

Соединетите Американски држави се најмоќната земја во светот, а Русија и Кина се втора и трета покажува истражувањето на US News and World report. На списокот на 80 моќни земји се вклучени и три земји во регионот.

Србија е најдобро пласирана на 44-то место, потоа Хрватска – на 67-то место и Словенија на 73-то место. Листата е направен врз основа на влијанието на државите, како и нивната политичка, економска и воена моќ.

Листата на 80-те најмоќни земји се заснова на одговорите на 21.000 испитаници. Меѓу десетте најмоќни земји се Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија, Израел, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, пренесува Bankar.

Фото:Pexels