Ова се најскапите фудбалери на денешницата

26

Фото: Pixabay

Швајцарската истражувачка група CIES Football Observatory со специјален алгоритам ја пресмета вредноста и ја креираше листата на 100-те највредни фудбалери на денешницата. Во пресметката се вреднувани параметри како што се нивото на талентот, рокот на актуелниот договор на секој фудбалер, како и статусот на регрутниот клуб.

Истражувачите ги анализирале трансферите во последните седум години во 5-те најдобри европски лиги, англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, германската Бундес лига, италијанската Серија А и француската Лига 1. Во алгоритмот се внесени и податоци од разговори со голем број еминентни фудбалски менаџери, кои особено го истакнале фактот дека статусот на регрутниот клуб во голема мера ја формира и актуелната трансферна цена на фудбалерот.

Земајќи ги во предвид сите елементи на трансферните договори на фудбалерите, листата на CIES Football Observatory изгледа вака:

  1. Хари Кејн (Тотенхем) – 201,2 милиони евра
  2. Нејмар (Парис Сен Жермен) – 195,7 милиони евра
  3. Килијан Мбапе (Парис Сен Жермен) – 186,5 милиони евра
  4. Лионел Меси ( Барселона) – 184,2 милиони евра
  5. Мохамед Салах (Ливерпул) – 171,3 милиони евра
  6. Деле Али (Тотенхем) – 171 милиони евра
  7. Кевин де Бруин (Манчестер Сити) – 167,2 милиони евра
  8. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) – 164,5 милиони евра
  9. Паоло Дибала (Јувентус) – 164,2 милиони евра
  10. Ромел Лукаку (Манчестер Јунајтед) – 163,4 милиони евра