Ова се највредните стартапи на планетата

91
Person using tablet

Има старт – ап компании чија вредност е околу една милијарда долари, со што го добиваат приматот еднорог. Но, овој пат пишуваме за стартапи што веќе одамна го надминале прагот на вредност од милијарда долари, па според истражувањето на CB Insights, ова се 10-те највредни стартапи во светот.

Toutiao (Bytedance) – кинески старт – ап основан во 2017-та година, а денес е лидер во светот според вредноста што ја има – 75 милијарди долари. Главна дејност му е развој на вештачка интелигенција.

Како втор највреден старт – ап се најде уште еден од Кина, овој пат тоа е Didi Chuxing. Вредноста на овој старт – ап, што доаѓа од дејноста автомобили и транспорт, се проценува на 56 милијарди долари.

“Бронзениот“ медал го има американскиот fintech старт – ап Stripe со вредност од 36 милијарди долари. Едно место подолу се најде SpaceX на Илон Маск. Неговиот старт – ап, основан 2012 година, денес вреди над 33 милијарди долари.

Петти највреден старт – ап е Airbnb, со проценета вредност од 18 милијарди долари.

Втората петорка ја сочинуваат:

Kuaishou – 18 милијарди долари (кинески старт – ап од областа на телекомуникации)

One97 Communications – 16 милијарди долари (Fintech старт – ап од Индија).

Epic Games – 15 милијарди долари (американски старт – ап што се занимава со развој на софтвер и видео игри).

DJI Innovations – 15 милијарди долари (кинески старт – ап за изработка на хардвер).

Grab – 14,3 милијарди долари (старт – ап од автомобилскиот сектор што е основан во Сингапур).

Фото: Freepik