Ова се разликите помеѓу 4G и 5G

98

Се ближи ерата на мрежата 5G. Ова е следниот голем чекор во развојот на електронските уреди, така што треба да знаеме што ќе се промени во споредба со моменталната состојба.

Брзина

Ова е една од најголемите придобивки од 5G мрежата. Се очекува 5G да биде скоро 100 пати побрзо од 4G. Со брзини како оваа, можете да преземете двочасовен филм за помалку од 10 секунди, а доколку користите за 4G за истата задача, потребни се околу десет минути.

Капацитет

Сите го имаме искусено “фрустрирачкиот“ момент кога сте во релативно мал простор со еден куп луѓе: концерт, спортска сала, аеродром за време на празниците, кога не можеме да отвориме веб-страница или да испратиме порака преку социјална мрежа. Премногу уреди што се обидуваат да ја користат мрежата на едно место можат да предизвикаат метеж.

Мрежната инфраструктура не може да се справи со огромниот број уреди, што резултира во побавен проток на податоци и подолго време потребно за преземање на нешто од интернет. 5G се очекува да го реши проблемот.

Мрежата за следната генерација треба да има значително поголем капацитет од 4G. Ова ќе значи подобар сигнал за мобилните телефони, но исто така и поврзување на многу уреди со мрежата.

Фото: Pexels