Без полициски час, без карантин, без останете дома, без паника. Многу се зборуваше за стратегијата на Шведска во текот на пандемијата, но стратегијата на Никарагва беше многу поуспешна, со помалку смртни случаи, без потреба од економски спас и со ограничена штета на малите и средните претпријатија.
Во услови на глобален економски дебакл, осиромашената Никарагва, која се состои од мали бизниси, забележа раст на извозот од над 10 % во последните осум месеци бидејќи не ја затвори економијата, пренесува Bizlife.
Токму затоа што ја одржуваше економијата, не мораше да зема големи заеми за да се справи со вонредната состојба.
Во Мангава, главниот град на Никарагва, баровите се полни со луѓе, рестораните се полни со гости. Во болниците повеќето луѓе носат маска. Миењето раце и средствата за дезинфекција на рацете се достапни практично насекаде – и во канцелариите и во продавниците.
Иако нема ограничувања за јавни собири и спортски настани, неколку масовни активности со илјадници луѓе беа откажани. Сепак, луѓето се движеа, излегуваа и одеа на плажа. Училиштата не беа затворени.
Со само 2-3 смртни случаи од Ковид-19 неделно во последните неколку недели – 154 до денес регистрирани, Никарагва е убедливо најмалку погодена земја во Централна Америка, а здравствениот систем воопшто не дошол до точка на колапс. Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 5.353, а на оздравени 4.225 лица.
Во медиумите низ светот Никарагва е претставена како земја што не презела никакви мерки за да ја запре пандемијата, но тоа е лага. Уште на 21 јануари Никарагва прогласи национална епидемиолошка тревога. Тоа беше денот кога кинеските власти го пријавија третиот смртен случај од коронавирусот во таа земја. Неколку недели подоцна националното антиковид-тело на Никарагва разви детален протокол заснован на зајакнување на здравствениот систем и информирање на населението.
Стратегијата што ја следела владата на Никарагва се засновала на информирање на населението, згрижување на старите и изнемоштени лица и зајакнување на јавниот здравствен систем, особено преку зголемена контрола на многу болести што веќе му се заканувале на населението. Вообичаените кампањи за јавно здравје не престанале.
Од самиот почеток министерството за здравство обезбеди епидемиолошки надзор за лицата погодени од епидемични заболувања типични за тој период од годината. На лицата со респираторни проблеми, кашлици и грип им се посветувало посебно внимание и надзор за да се утврди дали им е потребно понатамошно следење во зависност од нивната хронична состојба.
Училиштата и универзитетите останале отворени затоа што учењето од далечина не било опција за луѓето со ниски примања. Но, ако некој родител не сакал да го носи детето на училиште, била направена специјално дизајнирана серија на часови на телевизија на сите теми што се емитува на јавните телевизиски канали и на радио, за децата да можат да ги надоместат сите лекции што би ги пропуштиле.
Без разлика дали се справува со природни катастрофи или со национални предизвици за јавното здравје, Никарагва изгради незаменлива организација низ годините што брзо мобилизира илјадници волонтери и вработени од јавниот сектор. Затоа, пандемијата не ја изненади оваа земја.
Никарагва е земја во која 80 % од земјоделските стопанства се под 875 хектари, а ги обработуваат мали и средни производители. Станува збор за земја во која малите семејни бизниси управуваат со економијата, контролираат над 60% од расположливиот доход, обезбедувајќи околу 80 % од вработеноста во земјата и произведувајќи 90% од храната што се консумира.
Иако едноставно не може да си дозволи карантин и останување дома, оваа држава немаше потреба за презема итни мерки за справување со вонредната состојба бидејќи веќе имаше дизајнирано систем кој е во постојана подготвеност да се справи со секаков вид итни случаи.
Фото: Pixabay