Оваа европска земја нуди најдобар сооднос на слободното и работното време

10

smile

Фото: Pexels

Порталот TotallyMoney направи истражување што се однесува на прашањето во која земја има најдобар сооднос на слободното и работното време, заработувачка и среќа. Истражувањето, под назив Work life balance, покажа дека нивото на среќа е највисоко кај Данците кои дневно во просек на работа поминуваат 6,6 часа и имаат просечна плата од 3.270 евра. Исто така, истражувањето покажува дека тие се задоволни и од работните услови, заработувачката и слободното време.

Во топ пет европски земји се најдоа: Шведска, каде вработените во просек на работа се задржуваат 7,3 часа, (2.713 евра просечна плата) Холандија со 6,1 часа (2.155 евра просечна плата), Финска со 7,2 часа (2.509 евра просечна плата) и Франција со 7,4 часа (2.225 евра просечна плата).

Од балканските земји: Словенија се наоѓа на 17-то место каде Словенците во просек дневно поминуваат 7,8 часа на работа (просечна плата 1.045 евра), Грција е на 22-ро место со 8,4 часа (просечна плата од 917 евра), а Турција се наоѓа на последното 24-то место со 9,2 часа и просечна плата од 528 евра.