Оваа информација ги катапултираше акциите на Tesla

47

Американската компанија Tesla соопшти дека испорачале околу 88.400 автомобили во првото тримесечје од 2020 година. Акциите на Tesla по оваа информација пораснаа за повеќе од 10%.

Аналитичарите очекуваа да бидат испорачани околу 79.900 автомобили, покажа студијата на FactSet.

Според моделите, Tesla пријавила испорака на 76.200 Model 3 и Cross Y SUVs Model Y и испорака на 12.200 постари и поскапи модели S и X.

Двете бројки ги надминаа проценките. Аналитичарите очекуваа испорака на 68.674 возила Model 3 и Model Y и испораки на 11.234 возила Model S и X.

Проценките ја зедоа предвид пандемијата Ковид-19, што предизвика Tesla да престане со производство на нови автомобили во својата главна фабрика за автомобили во  Калифорнија, а исто така го стопираше производството во Шангај во јануари и февруари.

Фото: Facebook