Оваа компанија основана во 1918 година оди во стечај

90

Hertz, американската компанија за изнајмување на автомобили, основана во 1918 година, започнува стечајна постапка.

Причина е падот на побарувачката во време кога владее пандемијата на коронавирус. Раководството на компанијата изјави дека додека трае стечајната постапка, Hertz ќе продолжи да ги врши дејностите.

Претходно, Hertz беше принудена да продаде дел од својот автопарк, а во мај беше донесена одлука да отпушти половина од своите вработени. Како што известува New York Times, вкупниот долг на компанијата е во висина од 17 милијарди долари.

Hertz е една од најголемите рент-а-кар компании во светот и поседува повеќе од 10 илјади точки за изнајмување на превозни средства во 150 земји во светот.

Фото: Facebook