Оваа состојка е важен дел од козметиката, а производителите не заработуваат ни минималец

61

Мароко е една од ретките земји каде расте дрвото арган од чии плодови се добива драгоценото масло коешто во последните години е сè повеќе застапено во козметичката, но и во прехранбената индустрија.

Според предвидувањата, до 2022 година побарувачката за овој производ ќе биде сè поголема. Така, само на американскиот пазар би можело да се извезува околу 19.623 тони масло, вредно 1,79 милиони долари, пренесува Novac.

Познато како мароканско масло или течно злато, е едно од главните состојки за маска за коса, купки, кармини, креми, шампони, а за производство на еден литар од ова масло потребно е околу 40 килограми сув плод.

На околу 300 плантажи во југозападниот дел на Мароко, многу жени и понатаму на традиционален начин, рачно од суви плодови го прават маслото.

“Тоа е макотрпна работа. Работиме со два камена со коишто ги толчиме плодовите и седиме на под во ладни куќи“, вели Самира Чари која работи на една од плантажите.

Колку и да е тешка работата, ова е начин на постигнување самостојност меѓу Мароканките. Иако работодавците не им го ограничуваат работното време, без оглед дали работат од утро до вечер, месечно заработуваат околу 221 долари, што е далеку под просечната плата во државата.

Фото: Pixabay