Оваа земја е “мека“ за милијардери

43

Според магазинот Forbes, во светот оваа година има 2.095 милијардери, чие богатство “тежи“ осум илјади милијарди долари, а најголемиот дел од нив живеат во САД (614).

Порталот Howmuch.net направи листа на 10 земји со најмногу милијардери, па зад САД, се најдоа: Кина (388), Германија (107), Индија (102), Русија (99), Хонг Конг (67), Бразил (45), Велика Британија (45), Канада (44) и Франција (49).

Не е за изненадување, бидејќи САД и Кина, како две најголеми и најсилни економии, се татковина на скоро половина од милијардерите во светот.

Коронавирусот направи големи проблеми не само во здравствениот систем, туку и во целокупното општествено живеење, па така и богатството на милијардерите се “стопи“ за 700 милијарди во однос на минатата година.

Фото: Pixabay