Оваа земја воведува “имунолошки пасош“ за оздравените од Ковид-19

357

Чиле ќе издaва “имунолошки пасоши“. Овие пасоши се наменети за луѓето кои се стекнале со имунитет по закрепнување од коронавирусот, а благодарение на овој важен документ, за нив ќе нема ограничувања на движењето, пренесе Washington Post.

Таканаречениот пасош за имунитет ќе им овозможи на оние кои се опоравиле од коронавирусот или се позитивно тестирани на присуство на антитела да се вратат на работа.

Според чилеанското Министерство за здравство, повеќе од 4.600 луѓе веќе имаат право на тој пасош. Чилеанците можат да поднесат апликација за пасош и да бидат тестирани за антитела и доколку не покажат симптоми на болеста, властите ќе им го доделат овој  документ.

Но, здравствени експерти сепак предупредуваат дека латиноамериканските земји се движат пребрзо, бидејќи малку се знае за имунитетот од коронавирус.

Јужна Кореја пријави 141 случај на лица кои повторно заболеле од Ковид-19. Кристобал Квадрадо, секретар за здравствена политика и студии на Медицинската унија на Чиле, рече дека експертите бараат од владата да ја преиспита одлуката пред да ја примени.

Фото: Pexels