OVERMAX – синоним за совршен дизајн и функционалност

33

Glavna

Ова е механизам кој секогаш ќе создаде блесок во очите на дизајнерите и архитекти на ентериери кои повеќе го преферираат минималистичкиот начин на изразување, тој им овозможува да ја реализираат својата идеја за совршен дизајн.

Механизмот на отворање е скриен во две алуминиумски вертикали поврзани за вертикалите на елементот, што значи дека внатрешниот простор целосно се искористува. За да се отворат вратичките потребно е надолу да се повлече само долната вратичка. Ова дејство синхронизирано ги отвора и затвора вратичките, истовремено.

Како вратички можеме да поставиме дезени на оплеменета иверка, медијапан или да изработиме стаклена вратичка со алуминиумски профили. Висината на елементот е фиксна, 720 мм, додека ширината може да варира и да се приспособи на Вашите барања, но да не надмине 1200 мм.

OVERMAX не е дизајниран да биде употребен само во кујната. Може да се употреби секаде каде неоспорната функционалност, минималистичкиот дизајн, паметната технологија и баланс имаат огромна вредност.

footer_vitrina (2)