Коронавирусот драстично ги промени навиките за купување на луѓето ширум светот, па бизнисите мора брзо да се прилагодат на промените, пишува CNN.
Многу компании беа принудени да затворат, но купувачите и понатаму имаат потреба од фармацевтски производи и храна. Од таа причина, компании што се од овие дејности имаат огромна потреба за персонал поради зголемениот обем на работа.
Освен најголемата онлајн продавница на најбогатиот човек на планетата, Amazon, што има потреба и вработува 100.000 лица, тука се и други компании:
CVS е американска фармацевтска компанија што бара 50.000 лица за вработување со полно и скратено работно време. Меѓу отворените позиции се доставувачи, работници во дистрибутивни центри и професионалци за услуги на потрошувачи.
Walmart, исто така, поради зголемен обем на потрошувачка, направи план за вработување на 150.000 работници низ своите супермаркети и дистрибутивни центри ширум САД.
PepsiCo отвори оглас за вработување на околу 6.000 лица, а за оние кои работат на продажба најави посебни бенефити, бидејќи тие се директно изложени на опасности од ширење на коронавирусот.
Меѓу компаниите што нудат вработување ширум САД се и: Pizza Hut (30.000 вработувања), Domino’s (10.000), 7-Eleven (20.000 нови вработени), Papa John’s (20.000).
Фото: Pixabay