Овие намирници неоправдано имаат лоша репутација

29

Многу таканаречени лоши намирници всушност носат големи бенефити за здравјето на човекот.

“Факт е дека практично ниедна намирница којашто ќе ја најдете во маркет нема да ве убие, освен ако не ја консумирате премногу или ако нешто не тргне на лошо“, вели доктор Арон Карол во својата книга The Bad Food Bible: Why You Can (and Maybe Should) Eat Everything You Thought You Couldn’t.

За да не живеете во заблуда, еве неколку намирници кои со години само ги следи “лош глас“.

Јајца

Ги следи лош глас со години поради холестеролот. Сега се знае дека јајцата се здрави и не го подигнуваат нивото на холестерол, и содржи важни хранливи состојки.

Кафе

Често пати се наоѓаше на црна листа поради тоа што се сметаше дека предизвикува рак, болести на срцето. Умереното пиење на кафе може дури и да го продолжи животот, покажа едно истражување.

Компир

Полн со витамини, влакна и витамин Ц, компирот исто така содржи јаглени хидрати коишто даваат енергија. Содржи и калиум, магнезиум и не е калоричен ако го консумирате варен или печен.

Сирење

Веројатно сте чуле дека ако го јадете ќе ги зголемите килограмите. Сирењето содржи калциум, масти, белковини, витамини А, Б12, минерали. Некои истражувања покажуваат дека грицкањето сирење може да помогне во спречување на кариес.

Фото: Pexels