Овие тајкуни се збогатија благодарение на телевизијата

157

Магазинот Forbes направи листа на телевизиски лица, кои благодарение на еден од најмоќните медиуми во светот, успеаја да инкасираат богатство изразено во милиони долари.

Опра Винфри – има 65 години и богатство од 2,8 милијарди долари. Станува позната и препознатлива по нејзиното шоу The Oprah Winfrey Show.

Џон де Мол – телевизиско лице со 64 години и сметка од 1,8 милијарди долари. Шоуа на коишто работел се: Big brother, Fear factor, Deal or no deal, The Voice.

Џери Брукхајмер – богатството на овој 74-годишен Американец се проценува на над 750 милиони долари, а работел на телевизиски шоуа како што се: The Amazing race, Without a trace, Cold Case…

Џери Сеинфилд – Американец кој има 65 години и богатство од над 700 милиони долари. Телевизиски програми поради коишто стекнал слава и пари се: Seinfeld, Comedians in cars getting coffee.

Дик Вулф – има 73 години и “дебела“ сметка од над 550 милиони долари. Станува препознатлив по ангажманите во: Law and Order, Chicago Med, Chicago P.D.

Фото: Facebook