Овие земји имаат најчудни мерки за справување со пандемијата

458

Земјите ширум светот преземаат најразлични мерки со цел да го спречат ширењето на коронавирусот, од една крајност во друга, пишува ВВС.

Меѓу необичните чекори што ги преземале земјите се:

Панама

Оваа земја ги одвојува мажите и жените. Тие можат да ги напуштат своите домови на два часа, но различни денови, а целосната забрана е само за недела.

Колумбија

Во некои градови во оваа земја, на луѓето им е дозволено да ги напуштаат домовите врз основа на последниот број од нивната лична карта.

Србија

Властите во Србија воведоа “час за шетање миленик“ од 20 до 21 часот. Но, подоцна оваа одлука беше повлечена. Иако BBC не нотира, но и кај нас има слична ваква мерка.

Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александер Лукашенко го привлече вниманието со неговото однесување поради пандемијата. Тој не ги земал предвид предлозите неговата земја да преземе мерки за да го спречи ширењето на Ковид – 19. Во оваа земја не се забранети спортските натпревари и полни трибини.

Шведска

Во оваа земја нема ниту полициски час или било какви ограничувања на движењето или други рестриктивни мерки, што важат во многу европски земји поради коронавирусот. Оваа скандинавска земја се потпира на “одговорноста на секој поединец“.

Малезија

Оваа земја стана позната по онлајн рекламите преку коишто порачува жените додека трае вонредната состојба треба да бидат средени, нашминкани и да не се препираат со мажите.

Туркменистан

Земјата воведе ригорозна мерка – ја забрани употребата на зборот коронавирус.

Фото: Pixabay