Овие земји се индустриски “џинови“

174

Една земја за да може да смета на економски раст мора да инвестира и да ја одржува својата индустрија. Фабриките се големи работодавачи, бидејќи имаат потреба од работна сила и ангажираат значителни ресурси, а во исто време се значајна ставка за извозот на земјата, со што го зголемуваат девизниот прилив во домашната економија.

Порталот Howmuch.net направи анализа на најмоќните индустрии во светот, нивниот удел во бруто домашниот производ и нивната финансиска моќ.

На глобално ниво, индустријата во светот во 2018 година беше 19.943.532.524.420 долари. Најголем удел има Кина, чија индустрија е над 28% од вкупното производство во светот (3.955.457.349.735 долари).

Меѓу петте најмоќни, во друштво на Кина, се најдоа и: САД (2.321.200.000 долари или 16,65% учество во глобалното индустриско производство), Јапонија (1.008.018.469.391 долари – 7,23%), Германија (805.851.471.718 долари – 5,78%) и Јужна Кореја (458.501.259.588 долари – 3,29%).

Состојбата во регионот е следна: Грција (20.847.963.905 долари – 0,15%), Словенија (11.037.636.857 долари – 0,08%), Бугарија (8.919.389.474 долари – 0,06%), Хрватска (7.634.438.736 долари – 0,05%), Србија (7.341.477.907 долари – 0,05%), Босна и Херцеговина (2.538.450.641 долари – 0,02%) и Македонија (1.628.741.069 долари – 0,01%).

Фото: Pixabay