Овој човек е толку вреден за Google што платиле дури 2,7 милијарди долари за да го вратат во компанијата

89

Ноам Шазир се вработил во „Гугл“ во 2000 година и поминал повеќе од две децении во компанијата. Дал отказ во 2021 година за да се впушти во сопствената стартап-авантура. Ја основал компанијата „Карактер АИ“, која овозможува интеракција со чет-ботови кои глумат замислени ликови или познати и јавни личности.

Го напуштил „Гугл“ затоа што одбил јавно да го објави неговиот чет-бот за вештачка интелигенција наречен „Мина“, наведувајќи загриженост за безбедноста. Но, тимот од „Опен АИ“ воопшто не се грижел за безбедноста со оглед на тоа што една година подоцна го објави Чет-ГПТ. Оттогаш „Гугл“, колку и да се трудеше и иако правеше големи грешки, постојано беше чекор зад конкуренцијата. За да бидат во чекор со конкуренцијата, експертите од „Гугл“ одлучија да тропнат на вратите на стартапот на Шазир и да го вратат, зашто според многумина токму тој го смислил најголемиот дел од актуелната револуција во големите јазични модели.

За „Гугл“ да го врати, мораше да посегне длабоко во џебот и да издвои неверојатни 2,7 милијарди долари. Секако, таа бројка не се однесува само на Шазир, туку „Гугл“ ја плати оваа сума и за лиценцирање на технологијата на „Карактер АИ“, но како што нагласуваат експертите кои се добро запознаени со ситуацијата, примарната причина поради која „Гугл“ одлучи да плати толку голема сума е враќањето на Шазир. Како дел од договорот кој бил потпишан претходно, Шазир и уште неколку вработени во „Карактер АИ“ се приклучија на одделот за развој на вештачка интелигенција на „Гугл дипмајнд“.

Иако на сите им е јасно дека Шазир е голем експерт во оваа област, прашање е дали тој навистина е 20 пати повреден од другите луѓе и експерти. Од друга страна, парите покажуваат колку технолошките компании ги ценат експертите за вештачка интелигенција и дека не избираат средства за да добијат потенцијална предност во однос на конкуренцијата во трката за вештачка интелигенција.

А колку „Гугл“ го почитува и цени овој експерт, покрај тоа што плати толку пари за да го врати во компанијата, покажува и изјавата на поранешниот извршен директор на компанијата. Во средината на минатата деценија,Ерик Шмит изјави дека ако постои личност која може да направи модел со вештачка интелигенција што би можел да одговара на човечката интелигенција, тоа би бил Шазир.