„Мејаши први“ има еден вработен, па неговата плата од 11.476 евра е и највисоката просечна месечна нето плата, но компаниите кои имаат повеќе вработени и високи просечни плати од 20, 30 или 50 илјади куни, многу веројатно ќе имаат вработени кои примаат повисоки плати од највисоките просечни плати.
Фирмата „Мејаши први“ со еден вработен директор Кристијан Гело, ја следи Макрософт Хрватска од Загреб со просечна месечна нето плата од 7.080 евра, Адрис Груп од Ровињ со 6.966 евра, загребската филијала на италијанскиот градежен конзорциум Kinetics Technologies со 6.715 евра, Мекинси и компанија со 6.582 евра – пишува Слободна Далмација.
Кристијан Гело е на чело на Групацијата Тулипан, а е и директор на компанијата „Мејаши први“, која го изгради трговскиот центар Мол оф Сплит, кој беше отворен во март 2016 година. Центарот располага со 60 илјади метри квадратни нето простор за издавање, а вредноста се проценува на 146 милиони евра.
„Мејаши први“ лани имаше 156 милиони куни приход и 33 милиони куни добивка, а како и другите компании под покровителство на групацијата Тулипан се занимаваат со бизнис со недвижности, а основна дејност им е управување со недвижности со наплата или врз основа на договор.