Овој гениј за бизнис не греши, а ова се неговите совети

597

Познатиот инвеститор Ворен Бафет преку смеа вели дека тој пие малку повеќе кока кола деновиве од вообичаеното, борејќи се против пандемијата.

Сега, кога целиот свет се бори со кризата, здравствена, но и економска, не е лесно да ги држите конците во ваши раце. На удар се малите и средни претпријатија, но исто така и милиони вработени во големите компании. Дури и кога ќе помине криза, останува прашањето:

Во што да се инвестира? Како повторно да започнете бизнис? Како да ги вратите изгубените работници?

Пандемијата Ковид-19, исто така, ни покажа кои сектори се распаѓаат најбрзо и најлесно кога се случуваат вакви работи. Тоа се првенствено авиокомпании, туризам, угостителство.

Иако Бафет во текот на животот инвестирал во разни компании и области, од неговиот пример можеме да заклучиме дека банкарскиот сектор, прехранбената индустрија (храна и пијалжаци) и ИТ, имаат минимални шанси да “не успеат“.

Во продолжение неколку совети од Ворен Бафет за промена на деловната свест

1. Во дваесеттите години, треба да се инвестира во знаење, книги, ментори и искуство, а она што секој човек мора да го поседува е интелект, енергија и интегритет. Доколку го нема второто, првите две одлики се небитни.

2. Секој што престанува да учи е стар, иако може да има 20 години. Секој што продолжува да се образува и на 80-годишна возраст останува млад.

3. Прифатете ги ризиците: ако победите, ќе бидете среќни, а доколку изгубите – ќе бидете помудри.

4. Џеф Безос еднаш рече: Ворен, твојата стратегија за инвестирање е толку едноставна. Зошто не те копираат сите? “Затоа што никој не сака да стекне богатство бавно“, реков јас.

5. Опкружете се со луѓе кои ќе ве направат подобри. Без драма и нема негативност. Само високи цели и висока мотивација се важни. Вистинско време и позитивна енергија. Без љубомора и омраза.

6. Верувам во ова: Им давам на моите деца доволно пари за да направат нешто, но не толку многу – за да можат да не прават ништо.
7. Не се натпреварувам со никој освен со самиот.

8. Ако сега го купувате она што не ви треба, наскоро ќе мора да го продадете она што ви треба.
9. Не мора да бидете попаметни од другите за да успеете. Треба само да бидете повеќе дисциплинирани.
10. Ослободете се од овие реченици: Јас ќе го сторам тоа утре; Премногу сум уморен; Не сум доволно добар; Не можам затоа што …; Јас би го сторил тоа доколку вие

 

Фото: Pixbay