Овој метал е повреден од златото

69

Цената на златото порасна за повеќе од 1%, а паладиумот, исто така, забележа зачудувачки пораст на ценате заради поголема побарувачка од очекуваното.

Цената на златото вчера скокна за 1,1% на 1.760 долари по унца, првпат од октомври 2012 година.

Од другите скапоцени метали, цената на паладиумот се зголеми за 4,2% на 1.980,25 долари, откако скокна за повеќе од 9% во претходната трговска сесија.

Инаку, паладиумот е сјаен, бел метал од истата група како и платината, родиумот, осмиумот и иридиумот.

Поголемиот дел од светското производство на паладиум доаѓа од Русија и Јужноафриканската Република, а се екстрахира како нус производ при вадење на други метали, обично платина и никел. Овој благороден метал најчесто се користи за производство на катализатори, коишто се дел од издувниот систем на автомобилите што ја контролира емисијата на штетни гасови, а се наоѓа најчесто во бензински и хибридни возила.

Фото: Pixabay