Овој старт – ап има решение за долги патувања со електрични автомобили

90

Клиентите кои сакаат да купат електричен автомобил може да се соочат со дилема дали да платат повеќе за батерии со поголем капацитет или почесто да ги наполнат своите возила. 

Парискиот старт – ап EP Tender верува дека ја елиминирал потребата за овој избор помеѓу цена и опсегот, правејќи приколки за батерии.

“Го решаваме прашањето за електрични возила што можат да се користат за долги патувања“, вели извршниот директор Жан Батис Сегард.

EP Tender го добил името по малите чамци (tender boats) кои опслужуваат големи бродови. Компанијата сака да постави станици за изнајмување приколки на поголемите патни правци. Возачите на електрични возила ќе ја прикачат приколката на задниот дел од нивниот автомобил, а потоа ќе ја искористат дополнителната батерија од 60 kWh за да стигнат до нивната дестинација или следната приколка.

Максималната цена за изнајмување би била 34 евра за една приколка, предвидува компанијата.

Компанијата засега има 20 приколки кои ги користат своите клиенти, кои возат електрични автомобили на Renault Zoes или Kangoo комбе.

Инженерот на тимот, Хуго Басет вели дека компанијата преговара со Renault и PSA Group во Франција за фабричкo прикачување на нивните електрични возила. Во моментов, многу електрични возила не се прилагодени за влечење, но од EP Tender велат дека тоа ќе се промени од 2022 година.

Renault ја предводеше потрагата по решенија за полнење со долг дострел. Уште во 2008 година, тие соработуваа со израелската компанија Better Place за воведување на заменливи батерии во нивните електрични возила. Сепак, тоа не успеа, а Better Place згасна во 2013 година.

Приколката носи многу помалку ризик, тврди Басет: “Ние не трошиме милиони на станици за замена на батерии“.

Компанијата работи на потенцијалните недостатоци. На пример, приколките се редизајнираат за да бидат повеќе аеродинамични. Тие, исто така, имаат втор сет на помали тркала што се спуштаат за полесно да се сврти назад.

Фото: Facebook