Овој вид на сместување “цвета“ на Airbnb

167

На платформата за изнајмување, Airbnb, повеќе не се атрактивни куќи и апартмани во големите градови и туристичките места, туку куќи во рурални подрачја во кои животот во изолација би бил полесен.

Овој вид на сместување преку Airbnb во последно време, поради пандемијата од коронавирусот, бележи огромен пораст на резервации, особено во САД, пренесува Business Insider.

Во овие куќи и викендички, сместени во рурални делови на САД, луѓето имаат чувство дека ќе бидат посигурни. Со оглед на тоа што во градови како што Њујорк, каде се очекува зголемување на бројот на заразени, дел од луѓето кои имаат можност си резервираат сместување во делови од земјата што се оддалечени неколку часови од местото на живеење, каде што планираат да ги поминат следните неколку недели.

Исто така, дел од луѓето резервираат сместување во своите родни места каде, освен што ќе побегнат од големите градови, би било поблизу до своите родители.

Фото: Pixabay