OvRcharge – лебдечки, безжичен полнач за мобилни телефони

26

Smooth Motion
Канадскиот старт-ап AR Design креираше лебдечки полнач за мобилни телефони што ротира и истовремено ја полни батеријата на вашиот смартфон. OvRcharge и после полнењето продолжува да го движи телефонот сè додека не го тргнете од него.

Стартапот има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде од првично побараните 40.000 имаат собрано над 60.000 долари. За да биде овозможен ваков начин на полнење, на телефонот му е потребна специјална футрола којашто се состои од два главни дела – приемник на електрична енергија од базата и магнет што овозможува одржување на лебдечката позиција.

7510d5533be0d97f83ca30a23ce285e4_original

Базата за полнење е тоа што го прави OvRcharge уникатен производ. Направена е од дрво и има две функции – магнетско лебдење и безжично полнење. Подлогата е доволно моќна да одржи во воздух уред до 600 грама и истовремено да го наполни.

Цената на полначот се очекува да биде околу 182 долари.