П.И.К. Ко ДООЕЛ Национални шампиони на Македонија на Европските бизнис награди

85

thumbnail_207-croatia-nce__large

Компанијата П.И.К. Ко ДООЕЛ е прогласена за Национален шампион на Р. Македонија на Европските бизнис награди спонзорирани од RSM.

По првата фаза на оценување, П.И.К. Ко ДООЕЛ е оценета од независни судии врз основа на вредностите на Европските бизнис награди (ЕБА) за иновација, етика и успех. По ова, компанијата го продолжува својот пат кон втората фаза од натпреварот, која вклучува видео и јавно гласање.

П.И.К. Ко ДООЕЛ е водечки снабдувач на суровини и функционални состојки во сите сектори на прехранбената индустрија. Освен што нуди суровини со врвен квалитет, компанијата нуди и професионална поддршка и корисни совети за решавање на специфични технолошки проблеми.

Викторија Шотароска Трајкова, регионален менаџер на П.И.К. Ко ДООЕЛ вели: “Горди сме што сме избрани да ја претставуваме Македонија како Национален шампион. Европските бизнис награди се познати како пример за европските динамични компании и горди сме што сме препознаени на ова ниво”.

П.И.К. Ко ДООЕЛ  ја доби наградата во Загреб, Хрватска, на 1 декември 2016 година, како дел од серијата настани организирани во чест на европските најдобри бизниси.

Извршниот директор на Европските бизнис награди, Адриан Трип, изјави: “Честитки до компанијата П.И.К. Ко ДООЕЛ која е избрана да ја претставува Македонија како Национален шампион. Тие се насочени кон успехот на европската бизнис заедница и ги покажуваат вредностите за иновативност, етика и успех што ги бараме”.

Во следната фаза Националниот шампион ќе направи презентациско видео преку кое ќе ја раскаже својата уникатна приказна и ќе го објасни својот успех. Корпоративните видеа ќе бидат поставени на веб страната на Европските бизнис награди и компанијата која ќе добие најмногу поени во својата држава ќе биде Национален јавен шампион. Победниците ќе бидат прогласени на Гала финале во пролет 2017.

Оваа година во Европските бизнис награди беа вклучени повеќе од 33.000 компании од 34 земји.

Повеќе информации на www.businessawardseurope.com и www.rsm.global.