П.И.К.Ко ДООЕЛ со вашиот глас поблиску до наградата Национален јавен победник на најголемите Европски бизнис награди

42

picco

Компанијата П.И.К.Ко ДООЕЛ е прогласена за Национален шампион на Р. Македонија за 2016/17 на Европските бизнис награди спонзорирани од РСМ, најголеми европски бизнис награди во категоријата Фокус на клиенти.

По првата фаза на оценувањето отворен е вториот круг од гласањето кое вклучува видео и јавно гласање. Како би можеле на ова престижно натпреварување да одиме чекор понатаму, потребна ни е мала помош, односно вашиот глас за нашето видео на следниот линк:

http://www.businessawardseurope.com/vote/detail-new/the-award-for-customer-focus-1/19638

Веднаш до видеото се наоѓа дел за гласање каде треба да ја запишете вашата е-маил адреса. (Не заборавајте да го верифицирате вашиот е-маил доколку сакате вашиот глас да биде заведен), стои во соопштението.

Викторија Шотароска Трајкова, регионален менаџер вели: “Гласајте за нас! Гласањето трае до 1 март, до тогаш можете да го погледнете нашето видео и да гласате за нас за да можеме да бидеме Национални Јавни шампиони на Македонија. Овој глас ни значи многу бидејќи сме многу горди на нашата компанија и нашата земја, а да ја добиеме и јавната потврда за нашиот успех е уште поголема поддршка. Ви благодариме однапред за искажаната доверба.”

Јавното гласање опфаќа повеќе од 350 Национални шампиони кои се натпреваруваат меѓу себе во 34 земји во Европа. По седум недели гласањето ќе се затвори и компанијата со најмногу гласови во секоја земја ќе добие награда Национален јавен победник на 06 март 2017.

Откако Националните јавни победници ќе бидат одредени, ќе се спроведе второ јавно гласање помеѓу победниците од секоја земја и победникот ќе добие награда Европски јавен шампион.

Ова гласање ќе биде помеѓу 06.03.2017 и 27.04.2017, а резултатите ќе бидат објавени на Гала финалето на Европските бизнис награди на пролет.