P01 Pioneer Bifold – стилизиран паричник што ги штити кредитните картички од хакери

43

e3ba6ebc5e66f2f203a1d451a353732a_original

Фото Kickstarter

P01 Pioneer Bifold е паричник рачно изработен од италијанска зеленчукова кожа. Доаѓа заедно со софистицирано пенкало, потсетник од 24 страници и вградена RFID технологија што ги штити кредитните картички од хакерски напад.

Многу кредитни картички, возачки дозволи и пасоши сега се со вградени чипови за идентификација на радиофреквенции. Овие паричници се направени за да ги заштитат корисниците од хакерите кои можат да извлечат информации од радиофреквенциите.

Паричникот може да собере максимум 20 картички во него, а пенкалото користи компресиран воздух што овозможува пишување под било кој агол.

Вегетеријанската кожа е рачно направена и обоена со природни материјали како кора од дрво. P01 Pioneer Bifold го има во два различни дизајни и моментално има кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 105.005 долари од побараните 15.000, а преостануваат уште 15 дена.