Пад на акциите на Twitter

51

Акциите на Twitter забележаа пад на американската берза за повеќе од 2% откако Русија на провајдерите им наложи делумно забавување на работата на мрежата на територијата на земјата.

Вредноста на акциите на Twitter на Њујоршката берза се намалија за 2,78% на 65,64 долари, пренесува Спутник.

Сојузната служба за комуникации, информациони технологии и медиуми на Русија донесе одлука од 10-ти март да ја намали брзината на Twitter во земјата на 100% од мобилни и 50% од статичните уреди поради “злонамерно кршење на законите и укинување на содржини забранети во Руската Федерација“.

Фото: Pexels