Пад на акциите на Zoom по позитивните вести од Pfizer

79

Акциите на Zoom и останатите компании коишто нудат опции за работа од дома ја изгубија вредноста по објавувањето на позитивните вести за развој на вакцината за коронавирус, пренесува CNBC.

Акциите на Zoom паднаа 17,4 %, покрај тоа акциите на Amazon падна 5,1 %, на Netflix 8,6%, а акциите на Shopify, компанија за трговија преку Интернет, паднаа за 13,6 %. Вредностите на овие акции паднаа откако Pfizer и BioNTech објавија дека нивното решение, вакцината против коронавирус, покажа 90%  ефикасност во спречување на инфекции за време на тестирањето во последната фаза.