Пад на азиските берзи и доларот

78

На азиските берзи цените на акциите во понеделникот паднаа, четврти трговски ден со ред, бидејќи инвеститоритене се наклонети кон поризични инвестиции, додека растот на економиите забавува а централните банки поради високата инфлација ги подигнуваат каматните стапки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките, без јапонските, во раното утринско тргување беше минус 0,4 отсто. Така и октомври започна со пад на цената, откако во септември MSCI потона за повеќе од 12 отсто.

Утрово на Токиската берза индексот Nikkei зајакна 0,5 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 1,1 отсто. Во Шангај и Јужна Кореја поради локалните празници денеска берзите не се активни.

Инвеститорите не се наклонети кон поризични инвестиции, додека централните банки поради високите инфлации ги зголемуваат клучните каматни стапки, што ќе го забави растот не економиите, при што расте и ризикот од рецесија.

Така, берзанските индекси го следат падот на цените на акциите на Волстрит во петокот и во целата неделна седмица. Се тргува мирно, бидејќи на неколку азиски берзи не се работи денеска, па обемот на тргувањето значително е помал од вообичаено. Во вторник, пак, во фокусот вложувачите ќе биде седницата на централната банка на Австралија. Се очекува ново зголемување на каматните стапки за 0,50 процентни поени.

Доларот благо падна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути утрово благо падна. Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна за 0,12 отсто, на 112,10 поени.

Притоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута стабилно се движи околу 144,75 јени, како и во петокот на затворањето на тргувањето.

Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,11 отсто, на 0,9810 долари.

Јакнењето на еврото е благодарејќи на очекувањата дека Европската централна банка (ECB) на седницата во октомври повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, бидејќи инфлацијата во еврозоната не попушта.