Пад на азиските берзи по падот на ракетите во Полска

50

На азиските берзи ценитена акциите паднаа поради геополитичките тензии, откако проектили паднаа врз полско село, при што загинаа две лица. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,6 отсто околу 7:00 часот. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,15 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг се лизнаа меѓу 0,3 и 1 отсто.

Азиските берзи се претпазливи бидејќи ги следат пораките на лидерите на најголемите земји во светот во врска со експлозиите во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина, во кои загинаа две лица. Станува збор за ракети од руско производство, но Русија негира дека ги истрелала, а американскиот претседател Џо Бајден изјави дека најверојатно ракетите не биле истрелани од Русија.

САД и нивните сојузници во НАТО алијансата истражуваат се за тие ракети, а се чини дека тие не се истрелани од Русија, изјави американскиот претседател на состанокот на групата Г20 на Бали. Веста за тој инцидент ги натера инвеститорите на светските берзи да бидат претпазливи, па повеќето берзански индекси се во минус.

Олеснување на инфлаторните притисоци
Падна и идниот индекс S&P 500, околу 0,4 отсто, што значи дека денеска може да загуби дел од вчерашните добивки. Вчера, имено, на Волстрит Dow Jones зајакна 0,2 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,9 отсто, а Nasdaq индексот за 1,45 отсто.

Порастот на тие индекси уследи по податоците дека продуцентските цени во САД се зголемија за 8 отсто во 12-те месеци до октомври, помалку од еден месец порано и помалку од очекуваното.

Тој извештај потврдува дека инфлациските притисоци се намалуваат, на што укажуваат минатонеделните податоци дека потрошувачките цени во октомври пораснале за 7,7 отсто на годишна основа, побавно од септемвриските 8,2 отсто.