Пад на азиските берзи

На азиските берзи цените на акциите паднаа бидејќи бројот на заразени со коронавирус во Кина рапидно расте, додека инвеститорите се надеваа дека олеснувањето на рестриктивните мерки ќе го забрза растот на втората по големина економија во светот.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 1,1 отсто околу 7 часа, па трета недела по ред е на патот на загубите. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за околу 1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,4 и 1,5 отсто.

Се зголемува бројот на заразени со корона вирусот во Кина
Од почетокот на месецот пазарите се поддржани од надежта на инвеститорите за забрзување на растот на кинеската економија, откако локалните власти се откажаа од политиката на нулта толеранција за Ковид и почнаа да ги олабавуваат рестриктивните мерки.

Но, бројот на заразени не само во урбаните, туку и во руралните делови на Кина рапидно расте, па некои здравствени експерти проценуваат дека повеќе од милион луѓе се заразуваат секој ден.

Инвеститорите стравуваат дека укинувањето на рестриктивните мерки ќе го забрза ширењето на инфекцијата и ќе трае подолг временски период, што може да изврши притисок врз здравствениот систем и целата економија во наредните месеци.