Пад на цената на нафтата

24

Цените на нафтата паднаа денеска поради растечките блокади и ограничувања како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со Ковид-19 ширум светот.

Со нафтата Брент се тргуваше по цена од 55,25 долари за барел, што е за 0,29 % помалку од затворањето во петокот кога цената беше 55,41 долари за барел. Американскиот производител на нафта West Texas Intermediate (WTI) изнесуваше 52,32  долари за барел, што е за 0,99 % повеќе откако ја заврши претходната сесија на 52,27 долари за барел.

Во светот регистрирани се над 99,2 милиони случаи на инфекција со Ковид-19, а пазарите внимателно го следат повторното проширување на бројот на случаи на коронавирус ширум светот.

Фото: Freepik