Пад на цената на нафтата

52

Цените на нафтата на меѓународните пазари имаа пад поради загриженоста за побарувачката од Индија и можноста за раст на понудата од Иран, што го надмина оптимизмот поради летната сезона и патувањата во САД и Европа.

На лондонскиот пазар, барел нафта поевтини за 60 центи на 68,27 долари, додека на американскиот пазар се тргуваше по цена пониска за 57 центи на 65,64 долари.

Залихите на американска сирова нафта, бензин и деривати минатата недела се намалија поради постапното укинување на рестриктивните мерки поради пандемијата.

Фото: Pexels